Македонската пејачка за Драган Вучиќ: Ми беше чест да познавам некој толку позитивен и легендарен како тебе

 

Утрово на Клиниката за инфективни болести од коронавирус почина водителот Драган Вучиќ. Човекот со чија музика и забавни емисии растеа генерации, ја изгуби битката со корона вирусот. Веста за неговата смрт ја потврди и министерот за здравство, Венко Филипче, кој изрази сочувство до семејството Вучиќ.

Македонските јавни личности на социјалните мрежи се простуваат од водителот.

Пејачката Сара Мејс посвети статус на Фејсбук за водителот.

-Кога еден автор си заминува, дел од него останува и живее вечно...преку неговите песни.

Почивај во мир голем човеку и нека ти е светол патот.
Ми беше чест да познавам некој толку позитивен и легендарен како тебе.
Сочувство до семејството - напиша Сара Мејс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2020 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега