ФОТО: Панчо ДНК откри која била последната порака која Драган Вучиќ му ја напишал - „Ти си ми едно големо срце“
Денеска на Клиниката за инфективни болести почина водителот Драган Вучиќ. Македонските јавни личности на социјалните мрежи пишуваат емотивни пораки преку кои се збогуваат од водителот.
Еден од нив е и Панчо ДНК, кој сподели која била последната порака која ја добил од Драган Вучиќ.
„Откако дознав за неговата состојба и дека е хоспитализиран минатиот вторник, без размислување му пишав СМС за поддршка и побрзо закрепнување. Ми врати едноставно во негов стил :
ТИ СИ МИ ЕДНО ГОЛЕМО СРЦЕ .....
Епа денс тоа срце е тажно
Загубивме еден ГОЛЕМ ЧОВЕК пред се татко, дедо, музичар, шоумен, професионалец и дефинитивно еден од најхаризматичните ликови во нашата земја и на естрадата .
Ми беше чест што те познавав. Длабоко сочувство до фамилијата и блиските. До следно наше гледање пријателе .....
Легендите живеат вечно
ПС - Оваа слика е направена пред точно една година ( 10ти мај ) кога гостував во неговото шоу и еве што сум напишал :
Денес имав особена чест и задоволство да бидам гостин во емисијата на Драган “Возење со Вучиќ”
Жива легенда која трае повеќе од 25ет години на македонскиот етер, и дефинитивно еден од најпрофесионалните и најхаризматично ликови со кој сум имал можност да соработувам во мојата досегашна кариера.
Секоја чест мајсторе. Да си жив, здрав и ти посакувам уште многу успешни проекти Симнувам капа господине“, напиша Панчо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа