Вучиќ лежел на инфективна со покачен шеќер и висока температура - и неговата сопруга е позитивна на коронавирус
Утрово на Клиниката за инфективни болести во Скопје почина познатиот музичар и водител, Драган Вучиќ. Вучиќ, како што велат за „Женски магазин“ негови блиски пријатели, тој бил позитивен на вирусот Ковид-19.
На инфективната клиника, Вучиќ кој беше дијабетичар бил цела недела, со висока температура и со покачен шеќер. „Женски магазин“ од неговите блиски дознава дека позитивна на вирусот е и е неговата сопруга Весна, која за сега нема никакви симптоми.
Вучиќ е роден во 1955 година, а работеше како композитор, пејач и водител. Познат е во јавноста по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вуќиќ“ и други. Последен негов проект е „Гурмански приказни“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на балканот со познати пејачи, актери, артисти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа