Младо момче пронајдено мртво во напуштена куќа во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека младо момче било пронајдено мртво во напуштена куќа во Скопје.

-Вчера во 18:20 часот било пријавено дека на ул.„Перо Наков“, во напуштена  куќа бил пронајден починат 19-годишниот Р.У. од Скопје, без траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција - соопшти полиијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.05.2020 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега