Битолчанец се излекувал од коронавирус, но починал откако му откажале бубрезите и срцето

47-годишен битолчанец кој на Клиничката болница во Битола, кој успеал да се излекува од коронавирус, вчера починал во болницата откако му откажале бубрезите и срцето, објави САКАМДАКАЖАМ. Станува збор за пациентот кој со психијатриска дијагноза пред дваесет дена беше хоспитализиран во Битолската болница, а откако се покажа позитивен на КОВИД-19 беше префрлен на Инфективното одделение.

Од Министеротвото за здравство соопштија дека на пациентот двата последни земени бриса од 25 и 27 април му биле негативни, па по проценка на инфектологот тој бил излекуван од КОВИД-19. Бил однесен на дополнителни испитувања, му се направил КТ преглед на глава и плумолошки, како и невролошки преглед. Како што дознава СДК.мк бил свесен, контактибилен, но се жалел на укоченост, болки во нозете и неможност да се движи. Бидејќи била забележана крв во урината, бил повикан уролог и била направена промена на катетерот и промивка.

Бил упатен на Психијатриското одделение за конзилијарен преглед. Одеднаш станал неконтактибилен, со тешко дишење и други компликации, па бил пренесен на КАРИЛ во изолирана соба. Според Министерството за здравство биле направени лабораториски испитувања кои укажале на акутна бубрежна инсуфициенција и кардиак арест. Спроведената реанимација по протокол кај пациентот била неуспешна и починал.

„Консултирани се епидемиолози и нивен став е дека пациентот е со два негативни теста за КОВИД-19 и е излекуван, а смртта настапи поради влошување на општата здравствена состојба“, стои во соопштението Министерството за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2020 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега