Рецепт за босанска баклава која се топи во уста - повкусна не сте пробале
Ако сте пробале босанска баклава и не можете да го заборавите тој вкус, еве ви можност и вие да ги воодушевите домашните со благо, кое има препознатлив вкус бидејќи се прави со додавање путер и ванила.
Состојки:
1 кг тенки готови кори за баклава
500 грама сецкани ореви
500 грама мелени ореви
1 кг шеќер
250 грама путер
2 лимони
2 ќесички ванила
Постапка:
Стопете го путерот во еден сад, а во друг измешајте ги оревите со 250 грама шеќер. Во тава ставете 5 кори, напрскајте ги со растопен путер, па ставете 2 кори, па врз нив ставете од оревите. Кората со оревите не се посипува со путер за да не се залепат. Така редете до крај, само за одгоре оставете 3 кори, испраскајте ги и нив со путер, и потоа исечете ја баклавата во триаголни или ромбоидни форми.
Загрејте ја рерната на 150 степени и печете ја баклавата додека не добие златеста боја.
Во останатите 750 грама шеќер и вода колку да се покрие шеќерот со еден сантиметар над него. Откако ќе зоврие шербетот, нека се вари 5 минути. Додајте ги ванилите и лимонот исечен на тркалца, без коски. Со топлиот шербет посипете ја малку изладената баклава, па оставете ја да се лади стисната со тава одозгора. Најдобро е баклавата да отстои до утредента пред да ја пробате.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа