ВИДЕО: Руски специјалци апсат - криумчарите немаа многу шанси

 

 

Руската Федерална служба за безбедност, во координација со Министерството за внатрешни работи, спроведе голема операција за сузбивање на активноста на нелегални работилници за производство и модернизација на оружје низ цела Русија, а во текот на втората акција го сузбила шверцот со скапоцени метали во Германија.

Според наведеното, припадниците  на ФСБ  и полицијата откриле нелегално произвоство на оружје во операција, која е спроведена ширум Русија.

На видео снимката која ја објавиле е прикажано како специјалците апсат осомничени во станови и дворови.

За време на операцијата се запленети 95 цевки, 167 гранати и 17 килограми експлозив, соопштила прес службата на ФСБ Русија.

„Седум работилници за модернизација на оружјето и производство на експлозиви се прекинати“, се вели во соопштението. Запленето оружје вклучува автоматски пушки, пиштоли, повеќе од 5.000 куршуми и приближен број компоненти за нивно производство.

Претходно  специјалците одземале 167 единици на артилериска муниција, повеќе од 130 главни делови за пиштоли и пригушувачи.

Запрен е шверц на скапоцени метали во Германија ,Руските специјалци и полицијата ги прекинале сторителите кои шверцуваат платина, паладиум и родиум во Германија во вредност од најмалку 200 милиони рубли (околу 2.400.000 евра).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.04.2020 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега