ФОТО: Угро штрајкува со глад во карантин во скопски хотел

 

Раперот и продуцент Никола Угриновски- Угро најави штрајк со глад, по 18 дневниот карантин во скопскиот хотел „Ибис“.   Угро е во карантин од 10 април, откако се врати од бродоградилиште во Сен Назер во Франција, каде што исто така беше еден месец во изолација. Немсто 14 дена , тој веќе е 18 дена во карантин и покрај негативниот тест за КОВИД -19, тврди раперот

„Ве инфромирам официјално дека од 27 април, почнувам со штрајк со глад, одбивам било каква медицинска нега и ќе го известам секој можен медиум и јавноста за мојата состојба и ситуација во која се наоѓам. Мојот протест ќе трае сè до моментот додека не бидам ослободен од нелегалниот карантин, и покрај негативниот тест на Ковид-19 и поминатиот карантински рок. Го задржувам правото овој screenshot да го употребам и да го препратам до медиумите, невладини организации, амбасади и јавноста. Без почит, Никола Угриновски“, вели Угро во писмото што го испратил до надлежните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.04.2020 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега