Петров: Одлуката на Уставниот суд е срамна и недозволива, против солидарноста и на штета на граѓаните
Денешната одлука на Уставниот суд со која отвора постапка за поништување на Уредбата за намалување на платите на 14.500 денари на судиите, обвинителите, функционерите и пратениците е срамна и недозволива, рече денеска на прес- конференција, Коста Петров, потпретседател на СДСМ
„СДСМ најостро ја осудува оваа срмана одлука на Уставниот суд која е против солидарноста и на директна штета на борбата против коронавирусот, на директна штета на граѓаните.
Со ова, Уставниот суд спречи обезбедување на 240 милиони денари, или околу 4 милиони евра во Буџетот за државата за мерки за справување со кризата со коронавирусот.
Довербата во Уставниот суд повторно е поткопана. Ја поставува неправдата како соперник во борбата против економските последици од коронавирусот.
Уште еднаш, се потврдува потребата и програмската определба на СДСМ за прочистување на судството. “ рече на Прес- конференција, Коста Петров, потпретседател на СДСМ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа