Студентски протести во Анкара

 

Група студенти од Анкара синоќа протестираа против плановите на властите за сечење на дрва на територијата на Блискоисточниот технички универзитет, со цел да се изгради улица.

Полицијата употребила солзавец и гасни и звучни бомби за да ги растера студентите, а во полициската акција учествувале и хеликоптери.

При протести дошло и до тепачка со стапови меѓу дел од студентите и работниците, кои ги сечеле дрвата.

Многу од студентите кои протестираа со себе носеел и насади, кои, и покрај полициското присуство, ги засадилеа во универзитетскиот парк, по што се повлекле во кампусот.

 

Според студентите, локaлните власти незаконски навлегле на територијата на универзитетот, при што уништиле многу дрва.

22.10.2013 - 10:35

најчитано сега