Заев: Лузните на нашите тела нѐ потсетуваат на овој немил настан, нема да дозволиме да се повтори

 

Зоран Заев во 10 минути на ТВ21 ги коментираше настаните од 27 април и упадот во Собранието, на тригодишнината од одбележувањето на овој чин.

„Лузните на нашите тела нѐ потсетуваат за овој немил настан, но нема да дозволиме да се повтори“, изјави Заев.

Заев можеби мина најлошо, со расцепена глава и со крв по целото тело од настаните кои се случија во Собранието.

Тој рече дека оние кои беа пуштени во Собранието, биле подготвени да убиваат.

„Тие што седеа во канцелариите, и кои беа организатори, ги пуштија во Собранието. А, оние кои беа пуштени во Собранието, беа подготвени да убиваат, да одземаат човечки животи“, рече Заев.

Заев коментирајќи ги настаните од 27 април, рече дека дел од пратениците кои беа во Собранието, биле изманипулирани, и со дел од нив, беше објавено помирување и добија амнестија.

„Јасно беше дека дел од тие кои беа во Собранието беа изманипулирани. Треба да се разграничи од оние кои беа манипулирани, и оние кои беа подготвени на насилства и на убивања. И тие што беа манипулирани го признаа јавно тоа/ Но имаше дел кои не се оградија од тие настани“, рече Заев.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2020 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега