Ах тие жени: Се здебелила 40 килограми зошто момчето и кажало дека сака дебели девојки!

 

Кеси Пеин од Лондон во врска со своето момче била цели четири години и за тоа време се здебелила 40 килограми, само бидејќи нејзиниот сакан изјавил дека сака дебели девојки.

26-годишната девојка направила се што тој посакал од неа, па дури и се одлучила да си го уништи изгледот, а потоа дознала дека и покрај тоа што сите негови желби биле исполнети, тој ја изневерил со 8 девојки додека биле заедно.

- Бев во шок. Она што најмногу ме погоди е што тој од мене бараше да бидам дебела, а сите со кои ме изневерил беа слаби девојки. Ништо не ми беше јасно, вели очајната девојка.

Инаку, Кеси имала 66 килограми кога се запознала со момчето, а потоа накачила дополнителни 40 за тој повеќе да ја сака.

Ах, тие жени...што се не прават за љубов...

22.10.2013 - 10:10

најчитано сега