Жителите на Харбин се задушуваат во смог
Во кинескиот град Харбин смогот веќе трет ден ги гуши тамошните жители, поради што се затворени училиштата и аеродромот.
Според стандардите на Светската здравствена организација , нивото на смогот во градот со над 10 милиони жители се уште е над 30 пати повисоко од дозволеното ниво.
Жителите на Харбин излегуваат надвор со заштитни маски на лицата, а видливоста е многу намалена.
За сериозноста на ситуацијата веројатно придонело и активирањето на централното парно греење. Бидејќи околу 70 отсто од кинеската енергија се добива од согорување на јаглен.
22.10.2013 - 10:07