Николовска: ДКСК да ја утврди поврзаноста и влијанието на Рашковски, Начевски и Пиперевалиев

 

Четврти ден молк од страна на власта за скандалозниот тендер во четири очи помеѓу ЈП Дрисла и фирмата „Алпима тим“ ДООЕЛ Струмица.Јавно прашавме дали првиот братучед на сопругата на Рашковски, доделил тендер во 4 очи од над 12 милиони денари на близок роднина на Драги Рашковски и се уште не добивме одговор од власта.Уште еднаш прашуваме, дали Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев кој е сопственик на фирмата која го доби тендерот се во блиска роднинска врска, односно втори братучеди?

Ова денеска на прес-конференција го истакна Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ, прашувајќи дали Драги Рашковски е главната алка во добивањето на овој тендер кадешто еден негов роднина го доелува на друг роднина?

-Бараме од Комисијата за спречување корупција да отвори случај и да ја утврди поврзаноста помеѓу Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев и поврзаноста помеѓу Драги Рашковски и Коста Начевски и каква улога имал истиот Драги Рашковски во доделувањето на овој тендер помеѓу неговите роднини? Економијата тоне, државата крахира, а роднините на Драги Рашковски си доделуваат тендери меѓу себе, рече Николовска.

Според неа, јавноста сама може да процени која била улогата на Драги Рашковски во овој тендер.

-Државната комисија за спречување корупција има полни раце работа со овој случај, и бараме само да се отвори што е можно побрзо и да се утврди поврзаноста помеѓу Драги Рашковски, Коста Начевски и Александар Пиперевалиев. Одговорност мора да има. Празнењето на Буџетот на граѓаните во време на вонредна состојба, додека над 160.000 граѓани остануваат без редовни примања е случај за кој треба да се сноси одговорност. Драги Рашковски, Петре Шилегов, Коста Начевски и сите останати инволвирани мора да сносат одговорност, рече таа.

Николовска: ДКСК да ја утврди поврзаноста и влијанието на Рашковски, Начевски и Пиперевалиев

Posted by Maxim.mk on Monday, 27 April 2020

27.04.2020 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега