СДСМ: Чулев молчи и не одговара, дали командирот на единицата Тигар го придружува Мицкоски во фитнес центар?
По објавената снимка на социјалните мрежи на која јавноста имаше прилика да го види Христијан Мицкоски во затворен фитнес центар се отворија повеќе прашања на кои јавноста очекува одговори, велат од СДСМ.
-Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев се уште и должи на јавноста одговор, дали во придружба на Мицкоски е и Ивица Бисовски командирот на Единицата за специјални задачи Тигар, поставен токму од него ? И ако е тој , во кое својство е во придружба на Мицкоски во фитнес центар? Освен несериозното и неодговорно однесување на Мицкоски кое и не е нешто ново, уште понесериозно и неодговорно е во време на најголемата здравствена криза кога сите капацитети на полицијата треба да бидат ставени на располагање на граѓаните, кадрите на Чулев да бидат во служба на Мицкоски, се вели во соопштението од СДСМ.
Според партијата, граѓаните очекуваат одговори од техничкиот министер Наќе Чулев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа