Сопругата на Слободан Милошевиќ и го загорчила животот на Јованка Броз

Српскиот новинар Миломир Мариќ тврди дека вдовицата на Слободан Милошевиќ и го загорчила животот на Јованка Броз, пренесе српски Курир.

Според податоците на порталот, Мира Марковиќ поради љубомора бидејќи Јованка е прва дама на СФРЈ, во неа гледала огромна конкуренција, па според новинарот, таа дури и била опседната со неа.

- Уште еден факт говори зошто ја мразела. Нејзината тетка Даворјанка Пауновиќ била првата љубов на Тито, вели новинарот за Курир.

Вдовицата на Милошевиќ многупати и подметнувала многу нешта на Јованка, само за да ја оцрни во јавноста.

 Слободане, како што сега по ѕидови стои сликата на Тито, така еден ден ќе стои и твојата, постојано повторувала сопругата на Милошевиќ. Исто така, Мира и сместувала многу љубовни афери на Јованка.

22.10.2013 - 09:23

најчитано сега