ВМРО-ДПМНЕ: Битиќи лаже, а граѓаните тонат во сиромаштија

 

СДСМ продолжува со лагите. Граѓаните реалноста ја чувствуваат на својата кожа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вистината е дека Република Македонија е меѓу европските држави кои за помош на економијата вбризгале најмалку пари во првиот месец по прогласувањето на пандемијата. Според анализата на Институтот за економски истражувања Сазадвег, заклучно со 7 април, Македонија донела одлука финансиски да интервенира во стопанството во висина од 0,2% од БДП. Релноста кажува дека дури 78% од работниците во Македонија се лично погодени од корона кризата. За жал секој четврти работник во земјава има намалена плата. Доста се лаги. Време е да се казни СДСМ за лагите искажани пред граѓаните и за задоцнетите мерки кои не помогнаа туку повеќе одмогнаа, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.04.2020 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега