Мицкоски: Пендаровски да свика лидерска средба да се договориме за клучните прашања, а не да се надмудруваме преку медиуми

 

Стево Пендаровски, како претседател на Република Македонија, кој пред да прогласи вонредна состојба свика лидерска средба на која беа образложени одлуките кои ќе следат, треба повторно да свика лидерска на која Заев и СДСМ ќе објаснат зошто е потребно свикување на Собранието, за кое пред тоа велеа дека не е можно да се свика и дека со вонредна состојба прогласена од претседателот на државата владата ќе може полесно да носи уредби, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ - Христијан Мицкоски, во емисијата „360 Степени“.

Ставот на Мицкоски е дека Пендаровски мора да свика лидерска.

- Мојот став околу тоа прашање е дека што и да се случи и да продолжи СДСМ на неуставен начин да се обидува да ги свикува парламентарците во Парламентот ние ќе велиме не, тие ќе велат така е, ќе цитираме Устави, членови, Венецијански Комисии. Факт е дека ние имаме состојба на криза, дали ние формално сме ја прогласиле или не, ние имаме во моментот состојба на криза и логично е да го повикаме претседателот на државата бидејќи пред да се воведе вонредна состојба го повикавме претседателот да прогласи вонредна состојба. Пред да ја прогласи таа вонредна состојба имавме состанок кај претседателот на државата да најдеме начин како да се одложат тие избори. Тогаш на тој состанок нас ни беше аргументирано од страна на владеачкото мнозинство дека на нас ни е потребна вонредна состојба за да може владата да носи уредби со сила на закон бидејќи на стопанството му се потребни мерки, предлози и да донесеме уредба со која што ќе ги прекинеме изборните дејства. Ајде сега истиот претседател на државата да направи една таква лидерска средба да седнеме да поразговараме, истакна Мицкоски.

Тој на лидерската ќе побара од владеjачкото мнозинство да каже која е целта на ова противуставно собирање на Парламентот.

-Ја користам оваа прилика да го повикам претседателот во најскоро време, да не создаваме во реалноста непотребна тензија, да не се контрираме со позиции да се надмудруваме кој е погласен или повидлив, дајте да седнеме да направиме една лидерска средба, да ги отвориме картите, нека не запознае владеачкото мнозинтво, нека не запознае Зоран Заев што е целта на ова противно уставно собирање и да видиме дали можеме да се договориме, рече претседателот н ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски вели дека државата се наоѓа во многу деликатна ситуација, поранешни пратеници и поранешен состав на Собранието не можат да поднесат иницијатива. Според него тоа е сериозен преседан кој што ќе значи директно кршење на Уставот на Република Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2020 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега