Мицкоски: Релевантни професори велат дека состанувањето на распуштено Собрание е преседан со кој се крши Уставот
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „360 Степени“ истакна дека релевантни професори од Правниот факултет тврдат оти состанувањето на веќе распуштеното Собрание е преседан со кој се крши Уставот.
-Се наоѓаме во многу деликатна ситуација во државата, кога имаме поранешни пратеници и поранешен состав на Собранието и тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Тоа е практично став и на професори од делот на уставното право. Тука е и професорот Димовски, професорката Силјановска, професорката Каракамишева и други професори од правниот факултет кои што тврдат дека поранешни пратеници не можат да поднесат иницијатива“, појасни Мицкоски.
Вели дека тоа е сериозен преседан кој што ќе значи директно кршење на Уставот на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа