Мицкоски бара Пендаровски да свика лидерска средба
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бара претседателот Стево Пендаровски да свика нова лидерска средба за да се најде начин за излез од, како што вели, кризната состојба во која се наоѓа државава.
Мицкоски го упати повикот за лидерската средба во интервју за „360 степени“ што ќе се емитува вечерва на ТВ Алсат, посочувајќи дека на неа треба да се види што е целта на иницијативата за повторно свикување на распуштениот Парламент.
-Го повикувам претседателот во најсокоро време да не создаваме непотребно тензија во јавноста, да не се контрираме со позиции и да се надмидруваме и да видиме кој е погласен или повидлив, па тие се против ние сме за, да не ја оптоваруваме јавноста. Доволно се оптворани луѓето со ова што ни се случи со панедемијата и сиот економски ризик во кој живеат граѓаните, дајте да седнеме да направие една лидерска средба и да ги отвориме картите, вели Мицкоски.
Триесет и пет пратеници од СДСМ и нивни колеги од НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса, Алтернатива и пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието вчера поднесoa барање за свикување итна седница на Собранието за да се потврдат одлуките за прогласување вонредна состојба поради пандемијата со Ковид-19 од страна на претседателот на државата.
Тие бараат врз основа на член 63 став 4 од Уставот, член 15 став 4 од Изборниот законик, како и врз основа на членовите 67 и 68 став два од Деловникот Собранието од претседателот на Собранието да свика итна собраниска седница со две точки на дневниот ред и тоа потврдување на одлуките на претседателот за прогласување на вонредна ситуација на целата територија на државата од 18 март и од 16 април оваа година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа