ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДСМ не нудат реална помош

 

Мерките на СДСМ единствено носат сиромаштија и клуч на повеќето средни претпријатија кои се моторот на економијата, велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради СДСМ Република Македонија ја очекува економска апокалипса.

Неспособноста на власта на СДСМ да се справи со економската криза, никој не аплицира за таканаречените антикризни мерки на владата на СДСМ затоа што мерките се неповолни и не нудат реална помош.

За доброто на граѓаните, СДСМ треба веднаш да ги прифати економските мерки кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ.

Само така може да им се помогне и на фирмите и на работниците“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2020 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега