ГДУ: Одржување избори во јуни или јули е пир за време на чума

 

Како ќе му дадеме сигурност и предвидливост на приватниот сектор кој се потпира на мерки од Владата, ако во јули веќе имаме нов парламент, а од таму и нова влада која сето ова може да го ревидира, прашуваат од политичката партија Граѓанско-демократска унија (ГДУ).

„Свикување на веќе распуштеното Собрание со скриена цел да се посочи нов датум за избори и да продолжи изборниот процес каде што беше прекинат и слични политички игри, сметаме дека ниту е време ниту е приоритет во нашето општество“, велат од оваа партија.

„Дали целта е да потрошиме неколку милиони евра, да создадеме атмосфера во која само партиските јуришници ќе излезат на гласање по список, обврзани за своите работни места во администрацијата, бидејќи сме сигурни дека ако има и еден позитивен на Ковид-19 граѓаните ќе се плашат да излезат на гласање“, се наведува во партиското соопштение во кое ГДУ исто така прашува како во ваква ситуација би функционирале изборните комисии, ДИК и сите останати институции инволвирани во процесот.

Што се случува со Избирачкиот список, со новите гласачи наши сограѓани, кои во меѓувреме добиле избирачко право со навршување на полнолетство, но и оние кои, за жал, веќе починале и треба да бидат избришани, се дел од аргументите кои ги наведуваат од партијата од каде велат дека одржување избори во јуни или јули е класичен пир за време на чума.

Според ГДУ, логично и одговорно е изборите да се случат по целосно нормализирање на ситуацијата, по стабилизирањето на општеството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2020 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега