ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Димитров, Спасовски и Шекеринска влегуваат во проект за создавање на новата т.н. северномакедонска нација

 

Заев, Димитров, Шекеринска, Спасовски и останатите корумпирани и неспособни функционери на СДСМ претставуваат ризик по Македонија, македонскиот народ, јазик и се што претставува идентитетска одредница. Тие се сериозна опасност се додека се на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кај нив сите овие трајни вредности имаат цена, а таа зависи од пазарната понуда и од нивните лични потреби. Се ценкаат и распродаваат нешто што не е нивно, туку било градено со генерации. Во моментов се случува скандал од невидени размери. Димитров , Заев и Спасовски кријат од македонската јавност документ со кој Бугарија отворено го условува за датумот за преговори. Од Македонија се бара да се откаже од македонско малцинство, а со тоа и од именувањето на македонскиот народ како македонски, се наведува во партиското соопштение.

Велат дека со имплементацијата на одредбите на овој документ се условува одржувањето на првата меѓувладина конференција за конечното дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

-Со овој документ Зоран Заев, Никола Димитров, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска влегуваат во проект за редефинирање, создавање на новата т.н. севереномакедонска нација и целосно откажување од се што е македонско. Капитулациите на Зоран Заев не завршуваат. Заев потполно ја стави државата на колена. Членството на Македонија во ЕУ е стратешки приоритет. Но да станеме дел од ЕУ, треба да го направиме достоинствено, а не понижени. Со промената на криминалците и кариеристи од оваа власт и кога ќе дојде чесен и патриотски тим може да ја направи Македонија партнер кој ќе биде ценет. токму тој тим ќе гради добрососедски односи на рамноправна основа и взаемно почитување, а не понижување, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2020 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега