Во економската криза од коронавирусот „цвета“ една индустрија

Потрошувачката на видео игри во март достигна рекордни 10 милијарди долари, бидејќи луѓето се затворени во домовите поради пандемијата од коронавирусот и повеќе играат, објави специјализираната компанија СуперДата.

Приходите од продажбата на игри на водечките конзоли скокнаа во март на 70 отсто во однос на претходниот месец, на 1,5 милијарди долари. Потрошувачката на игри кои се играат на персоналните компјутери со високи перформанси се искачи за 56 отсто, на 567 милиони долари.

Игрите кои се играат на конзолите и на персоналните компјутери посебно се популарни во Европа и Северна Америка, каде ограничувањето на излегувањата се заострени во март поради пандемијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2020 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега