Поминале 25 дена на море не знаејќи што се случува во светот: Кога се обидела да стигнат до копно дознале за коронавирусот
Во 2017 година, Елена Маниети и Рајан Озборн се одлучиле за нешто што многумина сонуваат - тие се откажале од својата работа, купиле брод и решиле да патуваат низ целиот свет, пренесува Би-Би-Си.
Тие го замолиле семејството да останат во контакт, но со еден ослов- да нема лошии вести.
Парот кој живеел во Манчестер, минатиот месец патувал преку Атланскиот океан, од Канарските острови до Карибите, се додека за нив непознат, коронавирус се ширел низ светот.
После 25 дена на море и малку комуникација со надворешниот свет, парот на средината на март планирал да застане неколку дена на копно. Меѓутоа кога не успеале да воспостават телефонски сигал сфатиле дека островот е затворен и дека светот го зафатила пандемија за која тие не ни биле свесни.
Семејството на Елена е од Ломбардија, инаку најпогодениот дел на Италија од коронавирусот.
Тие раскажале дека најпрво се обиделе да се закотват на Карибите, но откако стигнале сфатиле дека границите се затворени. Потоа парот планирал да тргне до Грендланд, па кога дошле до море каде сигналот со 4Г е посилен, сфатиле што се случило и колку брзо се шири епидемијата.
„Нашата пријателка веќе беше во Сент Винсент и можевме да стапиме во контакт со неа, но таа ни рече дека ќе ни биде одбиен влезот затоа што јас сум италијански државјанин, иако не бев во Италија со месеци“, вели Елена.
За среќа со помош на ГПС парот докажал каде бил во последните месец дена и дека не биле во Италија.
„Кога стасавме на копно татко ми се јави и ми рече да не паничам, но ми испрати статија од „Њујорк Тајмс' за неговиот град и бев шокирана“ рекла Елена.
Таа и Рајан моментно се безбедни во Сент Винсент, но тие се загрижени затоа што не знаат колку долго можат да останат.
Тие имаат цел повторно да запловат пред да започне сезоната на урагани, но знаат дека државите се затворени поради епидемијата.
„Во небрано сме помеѓу сезона н урагани и вирус“ вели Елена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа