Изненадување за руските медицински сестри: Италијанците кои оздравеле од коронавирусот одлучија да им искажат благодарност
Италијанците кои го победиле коронавитусот во знак на благодарност им подготвиле изненадување на руските медицински сестри.
Враќајќи се од работа во своите хотелски соби, медицинските сестри нашле цвеќиња и картични со благодарност. Италијанците кои оздравеле од коронавирусот, го изјавиле своето воодушевување на храброста и професионализмот на руско воениот медицински пероснал.
Потсетуваме дека од Русија во Италија пристигнаа 15 руски авиони со воен медицински персонал кон крајот на минатиот месец.
Тие веднаш почаа со дезинфекција на домовите за стари лица во Ломбардија и помагаа во болниците во Бергамо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа