Повеќе од 30 часа зборувала со својот татко преку телефон додека тој умирал од коронавирусот:„Слушнавме како тешко дише“

 

Како и многу луѓе кои своите најблиски ги губат поради коронаввирусот така и Аби Адер Рајнхард не можела да биде во болница со својот татко Дон Адер.

Медицинска сестра им понудила да го стави телефонот покрај увото на Дон, а Аби и нејзините тројца браќа да разговараат со него- тоа траело повече од 30 часа, додека не починал, пренесува СНН.

-Тоа беше голем благослов, ни даде некој вид на завршница.Можев да му кажам она што сакав, знаејќи дека е крај. Иако не можев да го видам и да го држам за рака, таа врска барем преку телефон за мене беше драгоцена- веи Аби.

Нејзините браќа и Аби споделувале спомени со својот татко, му пееле песни и му кажувале колку многу го сакаат.

 Дон кој имал 76 години не можел да разговара, но можеле да го слушнат како дише.

-Имаше моменти кога ќе заспиевме покрај телефонот, но некој ќе кажеше „те сакам тато“, се присетува Аби.

- Се заблагодарив на мојот татко што беше покрај мене, што ме сака. Се извинив за се она што требаше и му простив се што беше потребно, му пеев и споделував спомени со него- рекла Аби.

Иако таа претрпела голема загуба, сепак на крајот заклучила дека смртта на нејзиниот татко ја потсетила дека семејството секогаш е на прво место.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2020 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега