ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ задоцни со економските мерки
Стопанството и фирмите се во минус. Мерките кои ги предложи оваа криминална влада се неприменливи и не значат помош за стопанството, велат во реакција ВМРО-ДПМНЕ.
„Поради неспособноста на власта на СДСМ да се справи со економската криза, никој не аплицира за таканаречените антикризни мерки на владата на СДСМ затоа што мерките се неповолни и не нудат реална помош.
За доброто на граѓаните и Република Македонија, СДСМ треба веднаш да ги прифати економските мерки кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ.
Само така може да им се помогне и на фирмите и на работниците“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа