СДСМ: Се грижиме за секое работно место, обезбедени нови 8 милиони евра за поволни кредити за фирмите

 

Пакетот економски мерки што ги донесе Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ им овозможува на работниците, занаетчиите, на малите и средните претпријатија да го пребродат најтешкиот период, кога трпат загуби поради здравствената криза, велат СДСМ во соопштение.

Од партијата велат дека спас на секое работно место, помош на секоја компанија е наша задача и цел која ќе ја исполниме.

 „Владата обезбеди дополнителни 492 милиони денари, односно дополнителни осум милиони евра за директно кредитирање на микро, мали и средни компании чија економска дејност е погодена од корона вирусот.

Веќе  се реализира и вториот пакет на економски мерки кој вклучува 14.500 денари месечно по вработен, помош за спортисти од 14.500 денари, помош за уметници и паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата.

Со цел да помогнеме во надминување на последиците од кризата, Владата донесе и Уредба со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година.

Обезбедено е и ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година, за правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам или транспорт и други компании кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за справување со КОВИД–19.

Ова се само мал дел од мерките кои имаат за цел помош на домашните претпријатија, помош за секое работно место. Се подготвува и нов пакет на суштински мерки и политики кои ќе обезбедат дополнителна помош за домашната економија.

Со одговорно и домаќинско работење, ќе ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме со што помали последици врз стопанството“ се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2020 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега