Села: Не се согласуваме со дел од мерките, не треба да има полициски час над 48 часа

 

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села денеска на прес-конференција зборуваше за мерките кои се превземени од Владата за спречување на ширењето на коронавирусот. Тој рече дека неговата партија не се сложува со дел од мерките, особено не со карантини над 48 часа. Според него полицискиот час треба да биде пократок, за да може граѓаните да ги завршат обврските околу набавка на храна и други намирници.

„Не се согласуваме со дел од мерките. За жал Македонија има најголем број на смртност на милион жители, од сите други држави во регионот. Не се согласувам со тоа што сме имале одлуки од владата за полициски час над 48 часа. Тоа придонело сигурно, да се формираат редици пред маркетите. А тие  редици и собирање на граѓани се спротивни на препораките од Светската здравествена организацијаЗО, сигурно придонело некој да се инфицира. Не се сложувам со таа мерка“, рече Села кој рече дека дал предлог за полицискиот час.

„Дадов предлог, бидејќи граѓаните треба да ги набават намирниците, полицискиот час да трае од 19 часот до 05 часот наутро.

Исто така не се согласувам за карантин на Куманово, Прилеп и Тетово. Делумно се согласувам, но од друга страна со која причина Тетово требе да биде во карантин? Освен ако владата знае некои бројки кои не ги знаеме. Таму има 20 само заразени потврдени, и не може само со 20 да влезе во карантин Тетово.

Од друга страна како што се налага во мерките, граѓаните се принудени да носат маски. Тоа е во ред, и тоа е една од механизмите, но треба да им обезбеди маски на сите граѓани на целата територија“, рече Села.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.04.2020 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега