ВМРО-Народна: Владата да купи нафта во големи количини и да ги пополни резервите

 

ВМРО-Народна партија жали што не гледа никаква активност од страна на Владата за купување нафта во големи количини со која би ги пополнила стоковите резерви на државата.

„Пред нашите очи се случува историски крах на цената на нафтата и додека сите држави ги пополнуваат и последните цистерни, од страна на нашата држава немаме никаква акција.

Сметаме дека Владата има повеќе опции со кои освен како нем набљудувач на овој економски процес може да се вклучи со класичен бизнис-модел кој несомнено ќе донесе заштеда па дури и екстра профит во оваа тешка економска ситуација“, велат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.04.2020 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега