ВМРО-ДПМНЕ: Само измамници како Заев, Спасовски и Ангеловска можат да се фалат во успехот на економските мерките
Владата на СДСМ задоцни со економските мерки, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференција на Јован Митрески
„Стопанството и фирмите се во минус. Мерките се неприменливи и не значат помош за стопанството.
Поради неспособноста на власта на СДСМ да се справи со економската криза, никој не аплицира за таканаречените антикризни мерки на владата на СДСМ затоа што мерките се неповолни, не нудат реална помош, а голем број на стопанственци се одлучуваат сами да го понесат товарот на кризата.
Само измамници како Заев, Спасовски и Ангеловска можат да се фалат во успехот на мерките.
Наместо СДСМ да држи празни прес конференции, неопходно е веднаш да ги прифати економските мерки кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ.
Само така може да им се помогне и на фирмите и на работниците“ велат во реакцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа