Од најубавата жена во Холивуд останала само бледа сенка: Поради пластичните операции, актерката изгледа непрепознатливо

 

Мелани Грифит, актерка и поранешна сопруга на Антонио Бандерас, никогаш не криела дека поради убавината и младешкиот изглед е спремна на сè.

Актерката која е во седмата деценија секојдневно посетува теретана и со сите сили се труди да го сочува изгледот на онаа заводничка за која некогаш важеше. Грифит никогаш не криела и дека поради убавина често заминувала кај пластичен хирург. 

Меѓутоа, изгледа дека отишла предалеку бидејќи фотографиите кои настанале пред неколку дена привлекоа огромно внимание. Тие го покажале нејзиното вистинско лице кое е потполно изменето поради многубројните пластични операции и зафати.

Многумина нагласуваат и дека Мелани направила уште неколку корекции во последниот период кои не дале најдобри резултати. Таа едвај ги мрда устата и образите, а иако има само 62 години, таа изгледа многу постаро од тоа.

Коментарите на нејзина сметка не биле ни малку благонаклонети. Многу фанови се запрашале како Мелани си дозволила да го упропасти убавото лице и да стане предмет на потсмев.

„Трката со времето не е добра. Погледнете што се случува кога сакаш да ги победиш годините”, напишал еден корисник на социјалните мрежи.

Грифит неодамна во интервју за магазинот “People” признала дека и самата е свесна дека претерала со пластичните операции:

„Воопшто не го сфаќав тоа сè додека луѓето не започнаа да велат: ‘Ох Боже мој, што направила?’”.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.04.2020 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега