ВМРО-ДПМНЕ: Несериозноста на власта да се справи со кризата ќе има далекусежни последици врз македонската економија
„Наместо да презентираат мерки од кои што никој нема бенефит, потребно е веднаш да се спречи отпуштањето на работници и крахирањето на фирмите.
Владата мора да ја сфати сериозноста на здравствено економската криза и посериозно да постапи кон нејзино решавање се со цел да може стопанството да биде сигурно дека во државата има партнер.
Државата мора сериозно да пристапи кон решавање на проблемите на граѓаните и наместо да води пи-ар кампањи веднаш да им помогнат на фирмите, бидејќи само така ќе им се помогне и на вработените во фирмите за да не останат без работно место и финансиска помош за животна егзистенција, а со тоа ќе и помогнат и на фирмите да не колабираат.Доколку СДСМ не знае и не умее, тогаш потребно е итно прифаќање на мерките кои што ги нуди економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за спас на економијата“ наведуваат во реакција од ВМРО- ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа