ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ треба да го провери својот ИТ систем, зошто пушта застарени лажни вести, а во реалноста креира хаос

 

СДСМ треба да си го провери својот ИТ систем и да утврди дали се работи за спам, со оглед на тоа што пуштаат застерени лажни вести отсутни од реалноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на едно од соопштенијата на СДСМ.

- Доколку не е спам тогаш е неспособноста на СДСМ да менаџира со кризата па е посветена на креирање невистини. Што се однесува до тестовите дека владата креира хаос покажуваат жалните и поразителни резултати во Куманово, Прилеп, Тетово и низ целата држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму прашуваат зошто се чека со денови за резултати од корона тест, и зошто статистиката говори дека Македонија е на врвот по бројот на смртни случаи од корона?

-А за тоа дали се тестира доволно или не, може СДСМ да си погледа во својот двор и наместо партиски пресметки да го чуе признанието на нивниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски кој јавно кажа дека министерството за здравство недоволно тестира.СДСМ треба да покаже сериозност наместо политиканство. На граѓаните им треба заштита а не кавги и препукувања заосновани на ниски страсти, се вели во дописот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.04.2020 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега