ВМРО-ДПМНЕ: Вонредната состојба се злоупотребува, а бројот на починати и инфицирани се зголемува

 

Македонија и граѓаните ја плаќаат цената на неспособноста и корумпираноста на СДСМ и Зоран Заев. Земјата е затворена, власта ја злоупотребува вонредната состојба, а секојдневно се зголемува бројот на починати и инфицирани, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека СДСМ задоцни со економските мерки.

Според партијата, стопанството е во минус, а мерките се непопуларни и непримеливи толку што голем број на стопаственици се одлучуваат сами да го понесат товарот на кризата.

-Додека сите во регионот одвојуваат и до 40 пати повеќе од Македонија, за бизнисот и граѓаните, владата на СДСМ ја накачува акцизата за горивата. Наместо да дава СДСМ зема од граѓаните. Мерките во здравството не се ништо подобри. Недостасуваат елементарни средства, не се почитуваат протоколите од најодговорните и се импровизира со мерките што резултира со континуирано зголемување на бројот на заболени и починати граѓани, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, медицинските лица се оставени без соодветна заштитна опрема.

-Немаат визири, маски, скафандери, ниту ракавици. Затоа над 17% од заразените се медицински лица. Власта наместо да смислува нови начини како да им земе, нека почне да им дава на граѓаните и бизнисот. Уште денес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.04.2020 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега