СДСМ: Над 30 милиони евра субвенции веќе се префрлени на сметките на 19.050 тутунопроизводители

 

Владата предводена од СДСМ на сметките на 19.050 тутунопроизводители исплати над 30 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун за 2019-та година, соопштуваат од партијата.

-Тутунот е наша стратешка извозно ориентирана гранка и во изминатите две и пол години бележи стабилно и одржливо производство. Тоа се должи на политиките на СДСМ за оваа гранка, пред сѐ на новиот модел за повисоки субвенции за тутунот, според кој за прва класа субвенцијата е 80 денари за килограм, за втора 70 ден и за трета и дополнителните класи 60 ден за килограм, се вели во соопштението.

Поради вонредната состојба предизвикана од коронавирусот и придонесот кон заштита на јавното здравје, подигнување на субвенциите за тутунот ќе се одвива во четири последователни денови започнувајќи од 21 април, вторник, заклучно со 24 април, петок, за да не се создадат дополнителни гужви во сите филијали на банките низ Република Македонија.

-За секој од овие четири денови е направен распоред на исплата според азбучен ред на презимињата на физичките лица тутунопроизводители и на правните лица. Оние тутунари кои сакаат да подигнат готовина од банкомат, ќе можат да го сторат тоа и во понеделник на 20-ти април од 16 до 23 часот и од вторник до петок до 18 часот и покрај полицискиот час, за што Министерството за внатрешни работи ќе има список според азбучниот ред, велат од СДСМ.

За да се намали ризикот и гужвата, банките во градовите каде се најголем број од корисниците на субвенции за тутунот, ќе работат со продолжено време.

-Со самото тоа што средствата се исплатени на сметките, тие постојано ќе им бидат на располагање на корисниците и за заштита на јавното здравје апелираме за плаќање да се користат картички, како многу побезбедно, во однос на користењето на готовина. Во овие тешки времиња, поради глобалната пандемија презедовме низа мерки, за ублажување на последиците од пандемијата врз земјоделството и руралниот развој, кои ќе им помогнат на земјоделците да имаат рентабилно производство и пласман. Владата предводена од СДСМ покажа што значи вистинска грижа за целиот сектор земјоделство, преку секоја преземена мерка во интерес на земјоделците и понатаму продолжуваме да креираме поволна клима и услови за развој на агросекторот, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.04.2020 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега