Алијанса за Албанците: МВР и обвинителство да го испитат непочитувањето на полицискиот час за време на Велигден

 

Алијансата за Албанците преку сопштение го честиташе Велигден посакувајќи мирот и здравјето да бидат присутни во секое семејство на православните верници.

- Сепак, славењето на овој празник не треба да претставува потенцијален ризик за ширење на вирусот „Ковид 19“, затоа владата требаше да преземе конкретни мерки. Ние ја разбираме желбата на сите да ја практикуваат религија како што сакаат, но кога станува збор за јавното здравје, на сите нас останува да ги жртвуваме нашите желби за доброто на сите. Стотици православни христијани се собраа синоќа во црквата Бигорски за да го прослават Велигден, не почитувајќи го полицискиот час, препораките и мерките за спречување на вирусот. Овој случај претставува скандал, кршење на сите мерки, почнувајќи од спречувањето на движењето за време на велигденските празници и во исто време нарушување на јавното здравје на граѓаните. Православните верници, покрај тоа што не го почитуваа полицискиот час, не ја почитуваа ниту препорачаната социјална дистанца и не носеле маски и ракавици, што во овој случај тие можат да бидат извор на масовна инфекција за ширење на Ковид 19, велат од АА.

Партијата итно бара надлежните органи, полицијата и обвинителството да го испитаат случајот и да преземат мерки согласно кривичната постапка, за организаторите и учесниците.

-За нас е неприфатливо како политички субјект, и во ваква ситуација државата да користи двојни стандарди, кога пред неколку дена полицијата во информативен разговор покани десетици жители од населбата Сингилиќ кои протестираа во текот на полицискиот час и истите може да завршат дури и со кривични постапки, додека синоќа дозволи или не спречи собирање на стотици православни верници на церемонијата што се одржа по повод Велигден, се вели во соопштението.

Според АА, треба да се има предвид дека секаков вид собирање од која било природа е поттик на граѓаните да ги занемарат мерките.

-Денес, животот на граѓаните и нивното здравје е поважен од сè друго, така што секој што го загрозува јавното здравје мора да сноси морална и кривична одговорностбез разлика на религијата и националноста. Додека пак владините институции имаат најголема одговорност да ги заштитат граѓаните од ширењето и инфекцијата со „Ковид 19“, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2020 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега