ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден
ВМРО-ДПМНЕ на сите православни верници во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
-Ви посакуваме многу радост, мир, спокој и здравје на вас и на вашите најближни. Велигден е најголемиот христијански празник, денот кога Господ бог Исус Христос ја победи смртта и ја врати надежта назад кај луѓето. Христовото Воскресение на сите нам ни подари вечен живот, за ние животот да го славиме со чиста душа и добра мисла и што е најважно да си помагаме еден со друг. На овој голем ден учењето Христово нека ни биде ѕвезда водилка за да ги поминеме овие тешки моменти во кои се наоѓа нашата држава, но и целиот свет. Само со вербата во бога, љубов кон човекот, обединетост и сплотеност можеме да се изидгнеме пред искушенијата кои се пред нас. Религијата и вредностите кои таа ни ги носат ни даваат сила да продолжиме понатаму и се најголемото богатсво која еден народ со вековна традиција може да ја има. Уште еднаш Ви го честитаме најголемиот христијански празник Велигден. Христос Воскресе – Навистина Воскресе, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа