ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ прави цензура на медиумите и владина телевизија, за да не се слушне за долгот, отпуштени вработени и кризата која доаѓа

 

Во услови кога државата пропаѓа заради неспособноста на власта и од сите држави во светот само ние се соочуваме со тешки економски последици, владата спроведува цензура врз медиумите и слободната мисла, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Цензурата на медиумите е показател на авторитарно општество и партија која на прво место и се тајкуните блиски до врвот на партијата, отколку народот.

Владата на СДСМ освен тоа што контролира дел од медиумите пробува да си направи своја нова телевизија и да ја наметне врз слободните медиуми. Освен тоа денешниот владин настан во форма на емисија има режисер, тоа е Роберт Поповски со неговите помошници Коста Петров и Маријан Забарчанец. Целта е партиско политичка пропаганда на грбот на народот во услови кога нашата земја е во тешка здравствена и економска криза. Не се важни граѓаните туку личниот рејтинг.

Што сака да сокрие власта?

1. Дали крие тоа што јавниот долг ќе биде 70% од БДП заради нивните лоши мерки и криминалот?

2. Дали се крие дека 140.000 луѓе привремено останале без работа?

3. Дали не сакаат да се знае дека 50% од вработените во угостителството се отпуштени?

Дали власта крие дека после оваа криза, ни следува уште поголема економска, која не можат да ја спречат!?

 

Слободата на медиумите и слободната мисла се уставно загарантирано право и никој не смее да ги ограничува, па ниту Зоран Заев и СДСМ“ велат во соопштеие од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2020 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега