Шпански лекари предупредуваат на чуден нов симптом кај заразените од коронавирус - се јавува најчесто кај тинејџери и деца
Шпанските лекари откриле уште еден симптом што го забележале во најраната фаза на болеста кај пациенти заразени со коронавирус.
Иако несаканите ефекти на болеста Ковид-19 варираат од личност до личност, шпанските експерти сега испитуваат лезии на стапалата што се појавиле кај некои пациенти во раните фази на болеста, пренесува српски „Новости“.
Поточно, станува збор за лезии што личат на сипаници, се вели во извештајот.
Според дерматолозите, имало бројни случаи на пациенти со коронавирус во Италија, Франција и Шпанија кои имале лезии на нозе.
Овој симптом бил особено видлив кај тинејџерите и децата, но и кај некои возрасни, исто така, имало слични знаци на нозете.
„Станува збор за виолетови лезии, многу слични на сипаници и осип, кои обично се појавуваат на прстите и нормално зараснуваат, без да остават трага“, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа