Се огласи Северина после апсењето: Ако го повторам делото, казната е затвор
Една од најпопуларните пејачки на Балканот Северина Којиќ синоќа беше уапсена за прекршување на полицискиот час во Белград.
Веднаш после излегувањето од полициската станица Северина објасни што точно се случило.
„По наредба на судија, ќе ми се суди по скратена постапка, а за овој прекршок предвидена е парична казна од 50.000 до 150.000 динари. Ако го повторам ова дело, казната ми е затвор. Ова нема да ми се повтори“, изјави пејачката.
Северина Којиќ синоќа околу 21 часот била затечена во близина на трговскиот центар „Оков“ во Белград. Само ден претходно таа им порача на своите фанови да седат дома.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа