ВМРО-ДПМНЕ: Copy - paste соопштенија Copy - paste лаги, има ли некој во СДСМ или спам ги пушта истите мејлови со лаги

 

Copy - paste соопштенија Copy - paste лаги. Има ли некој во СДСМ или спам ги пушта истите мејлови со лаги, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДСМ ги врти истите лаги истиот текст секој ден, како на расипана грамофонска плоча ја трујат јавноста со невистини. ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна кажа дека ќе се откаже од државното финансирање, но функционерите на СДСМ не се откажуваат од своите плати.

„СДСМ ја лаже јавноста и не се откажува од својот профит за време на криза. Олигархијата заработува милиони, а народот и претприемачите осиромашуваат. 

Наместо водење на ПР во криза СДСМ требаше одамна да ги засука ракавите и да им помогне на граѓаните и фирмите, но тоа не го видовме, гледаме само сеење на лаги.

 

Ништо друго не може ни да се очекува од партија која не осудува говор на омраза, од лица кои очигледно се поттикнати од неа“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2020 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега