СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бесрамно се обидуваат политички да профитираат во време на најголема здравствена криза

 
Преку соопштение од СДСМ велат дека лажните вести и обидите за манипулација на граѓаните и во време на најголема здравствена и економска криза останува во агендата на делување на ВМРО-ДПМНЕ.
 
„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат целосно отсуство на грижа за граѓаните какви последици ќе остават деструктивноста и лажните вести кои секојдневно ги пласираат од белиот дворец.
 
Лажеа дека има недостиг на тестови за коронавирусот и манипулираа за заштитната опрема на здравствените работници.
 
Освен лаги, во целиот овој период не понудија ниту една идеја, не дадоа ниту еден предлог за тоа како полесно и побрзо да се надмине здравствената и економската криза.
 
Единствено што им текна е да посегнат по личните пари на граѓаните од вториот пензиски фонд, како што правеа додека 11 години беа на власт. А од друга страна не се откажуваат по ниту една цена од народните пари.
 
Додека целата држава, сите институции, здравствени работници, државни службеници, вработени во полицијата и војската, се борат против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од партиското профитерство ,политикантство и популизам.
 
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш си го потврди своето лицемерие и барем во најголемата криза да биде со граѓаните и да заборави на политичките ситни поени, таа останува на страната на одбрана на криминалот и штитење на  украденото. Истата матрица на бегалецот Никола Груевски.
 
Ваквото несериозно, лицемерно и неодговорно однесување на Мицкоски и ВРО-ДПМНЕ граѓаните го препознаваат и многу добро знаат кој работи за заштита на нивното здравје, а кој очајно се обидува да профитира во време на сериозна здравствена состојба“ велат од СДСМ преку соопштение.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2020 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега