Пожарите во близина на Сиднеј може да прераснат во суперпожари
Големите пожари на Сините планини западно од Сиднеј, може да прераснат во „суперпожари“, поради тоа ќе мора да се евакуирааат одморалиштата Леура и катумба, сооштија денеска австралиските власти.
Шумските пожари од минатата недела пожарите беснеат околу 70 километри западно д Сиднеј, и загина едно лице а се уништени околу 200 домови.
Пожарите, чии број само во последните неколку дена порасна на 65, според последните податоци, опустошија повеќе од 100.000 хектари површина. Ова се најкатастрофалните пожари во југоисточниот дел на Австралија во последните 60 години .
21.10.2013 - 15:01