ВМРО-ДПМНЕ: Дали Жерновски молчи бидејќи ги прифатил коруптивните понуди?
Очигледно Андреј Жерновски сака да ја промени темата, да дефокусира и да го избегне одговорот за прашањето кој му нуди бизнис. Тоа значи дека или тој ја лаже јавноста со цел да се прикаже дека е многу чесен, или има план да го прифатипартнерството со тој кој му го понудил, па затоа не го кажува. Или можеби веќе го прифатил?
Ако не е така, еве денес повторно го повикуваме да каже име, кој му нуди бизнис на Андреј Жерновски?
На Андреј Жерновски никој не може да му забрани да зборува за што сака. Тој може да зборува и за состојбите во Сирија, за економската криза, за топењето на мразот на Антарктикот, но на крајот ќе мора да даде одговор за тоа кои фирми и поединци му нуделе директно или индиректно мито.
Тоа му е неговата должност како градоначалник, но и како граѓанин. Не смее да се крие зад изговори, бидејќи така потврдува дека изнел обвинувања без докази и ја лажел македонската јавност или пак се обидува да го прикрие случајот на корупција и мито.
Денес, иако се огласи, сепак повторно не кажа ни збор за она што ги интересира граѓаните и експертите, кои се тие кои му нуделе коруптивни “бизнис понуди“, а кој тој самиот ги нарече урбана градежна мафија.
Инаку околу тоа дека општината била партиска филијала, се согласуваме, затоа што откако Андреј Жерновски е дојден во општината, по цел ден таму доаѓаат партиските колеги на Жерновски и разговараат со него зад затворени врати. Е тоа е права партиска филијала
(Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ)