Георгиевски: Владата треба да купува нафта и злато
Сега е време за визионерски чекори. Нафтата никогаш не била поевтина на берзите, и ако брзо купиме нафта за 100–200 милиони евра ќе обезбедиме евтини енергенси, истакна лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски во отвореното студио на ТВ24.
Тоа, според него, е биде предност во идниот период кога ќе се соочуваме со економските последици.
Во исто време, смета Георгиевски, мора да се зголемат резервите во злато во Народната банка, бидејќи единствено на златото му расте цената и овие резерви, ако се направат ќе бидат клучни за државава.
-Јас сега гледам само гасење на одредени пожари во економијата, а не визионерски чекори. Ја повикувам Владата да ја сфати многу сериозно целата оваа ситуација, вели Георгиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа