Мицкоски: Крајно време е СДСМ да го напуштат она примитивно однесување и примитивниот инает за да не ни се случуваат вакви пиши- бриши политики

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вклучување во вестите на Алфа телевизија зборуваше за ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните и фирмите во државата поради корона вирусот при што беше посочено дека не им се нуди помош на граѓаните и фирми и го кажа следново:

-Јас мислам дека тоа се должи на тој примитивен инает кој што го води владата односно најголемата партија во владата тоа е СДСМ. Сите оние мерки кои практично опозицијата ВМРО-ДПМНЕ, бизнис заедницата, граѓаните и различни целни групи ги предлгаа изминатиов период, тие на прва ги одбиваа и после неколку недели откако сфатија со што си играат почнуваат полека една по една да ги прифаќаат. Доколку пред месец време она што го предложив јас после оној состанок со техничкиот премиер Оливер Спасовски веднаш да почнавме да се справуваме со сето она кое што во тој момент изгледаше дека неминовно ќе ни се случи тогаш немаше ние денеска да зборуваме за она што вие го говорите дека станува збор за одредени политички препукувања. Зато мислам дека крајно време е еве ден месец потоа да се да се кренат над ситуацијата, да го напуштат она примитвно однесување и оној примитивен инает за да не ни се случуваат вакви пиши- бриши политики кои ми се случуваат изминативе 10 дена.

Мицкоски во своето гостување укажа дека сите оние политичри кои во моментот ја претставуваат владата да го напуштат го примитивниот инает и да се дигнат се над ситуацијата затоа што денес треба да се работи за граѓаните и за државата.

-Потоа видовме дека примитивизмот е на највизоско ниво и инаетот кој што го водат дека аспсолутно не сакаат да се поместат од позициите па предложивме бидејќи го слушнавме апелот од страна на Оливер Спасовски дека владата преку министерот односно претставникот на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада може да предлага политики и уредби одлучивме да предложиме уредба преку министерто Наќе Чулев за да дента кога практично се случуваше таа седница за да забележиме дека техничкиот премиер воопшто и не ја ни стави на разгледување таа уредба која што ВМРО-ДПМНЕ ја предложи затоа што не била потпишана од ресорниот министер.Иако тоа никаде и воопшто и не беше проблем бидејќи заменик техничкиот министер за финансии никаде не ги потпишува уредбите кој што министерот за финасии ги предлага до самата влада. За да видиме две недели потоа дека голем дел од членовите кои беа содржани во таа уредба која ВМРО-ДПМНЕ ја предложи во влада бидат опфатени во новата пиши-бришу уредба, додаде Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2020 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега