Мицкоски: Долгот на државата можно е да отиде над 65%
Во вестите на Телевизија Алфа, вклучување имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека се можни три сценарија за економската состојба во Македонија. Долгот на државата може да оди дури и над 65% од БДП.
-Видете јас не ги споменав тие три сценарија случајно бидејќи тие три сценарија на 1-ви април на прес конференција ги презентираше надлежниот ресорен министер, Нина Ангеловска. И она во тие три сценарија кажа дека очекуваат намалување на приходната страна во буџетот и да се движи од минус 20 преку минус 30 до минус 40 проценти. Односно дека првично планираниот дефицит од 300 милиони евра можно е во најблагото сценарио да се зголеми за дополнително 700 милиони, во второто сценарио околу една милијарда и во третото сценарио околу една милијарда и 300, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека кога ќе се додадат и 300 милиони евра веќе првично планирани тогаш во приходната страна на буџетот во еден момент ќе недостасуваат во зависност од кое сценарио ќе се случи од милијарда до една милијарда и 600 милиони евра.
Ако на тоа го имате во предвид она задолжување кое што ни беше потребно заради раздолжување кое што се случило во минатото од прилика 33 милијарди денари или тое 550 милиони евра тогаш ние доаѓаме до пари кои што во овој момент ќе ни се потребни од една милијарда и 550 милиони до повеќе од 2 милијарди евра, истакна Мицкоски.
Посочи дека во расходната страна не се гледа кратење. Во овој момент како што и самиот ресорен министер во текот на вчерашниот ден имаше прес конференција и кажа дека нема кратење и има само прераспределба на средствата. Што значи дека нема кратење за непродуктивни трошоци, нема кратење за договорни услуги, нема кратење за партиски вработувања, со еден збор нема никакво кратење само прераспределба на средства.
-Вие мора некако да најдете пари од екстерни извори бидејќи така рече Зоран Заев – „Пари ќе бараме надвор“. Иако сега удира по џебот на граѓаните со зголемување на акцизата, но еве ќе сме барале пари надвор. Вас во еден монент ќе ви недостасуваат повеќе од една ипол до две милијарди евра. И тоа само да можете да ги сервисирате задолжувањето од минатото и да го покриете дефицитот во буџетот. Без да имате било каква поддршка за стопанството. Тука е неминовно зголемување на јавниот долг од овој степен кој што е сега, а тоа е ако го земеме пресек 31 декември 2019-тата околу 49%, попрецизно 48,9% до најмалку 65%. А, може и да дојдеме до 70% од БДП. Затоа ни е неопходно интервенција и тоа сериозна интервенција во расходната страна во овие ставки во кои што зборуваме, нагласи Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа