Николовски: СДСМ бара да се укине државната матура за оваа учебна година

 

СДСМ смета дека не треба да има државна матура оваа учебна година, изјави генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски

„Бараме укинување на државната матура за оваа учебна година, поради условите во кои се одвива образованиот процес, предизвикани од заштитните мерки против коронавирусот. Сите ученици треба да се ослободат од полагање државна матура, а факултетите, каде ќе има голема конкуренција за упис, селекцијата да ја направат преку приемен испит“, рече тој.

На овој начин, додаде Нниколовски, ќе ги поддржиме учениците, матурантите, имајќи ги предвид специфичните услови во кои се одвива образовниот процес и водејќи грижа за нивното здравје.

„Сметаме дека ова е најисправната одлука имајќи ги предвид сите аспекти на кризата од коронавирусот за која очекуваме да се произнесат и надлежните институции“, рече Николовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2020 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега